Петровска со косовската Комисија за одбрана и безбедност: Македонија силно посветена на регионот и неговата безбедност

 

 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, се сретна со членовите на косовската Комисија за одбрана и безбедност кои престојуваат во посета на Македонија.

На средбата стана збор за посветеноста на двете земји на регионалната безбедност при што Петровска истакна дека таа е од највисок приоритет за Македонија, а доказ за тоа е и учеството на припадниците на Армијата во рамките на мисијата КФОР на Косово.

На средбата беше истакната и одличната билатерална одбранбена соработка помеѓу двете земји, која е пресликана и во новиот Меморандум за соработка кој беше потпишан за време на неодамнешната работна посета на министерката на Косово.

Како примери за одличната соработка помеѓу двете земји, таа ги спомена иницијативата за соработка во случај на природни непогоди и катастрофи, како и учеството на двајца набљудувачи од Косово на најголемата воена вежба која е во тек на армискиот полигон „Криволак“, „Swift Response 22“ која вклучува над 4.600 војници од осум сојузнички земји.

Токму во контекст на „Криволак“, Петровска истакна дека станува збор за полигон кој нуди одлични можности за вежбање во реални услови.

Претседателот на Комисијата, Бека Бериша, се заблагодари за средбата и порача дека соработката помеѓу двете земји е одлична и дека Косово е посветено на нејзино продлабочување.

11.05.2022 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега