Петровска: Приоритет за Македонија и Косово е мирен, безбеден и стабилен регион

Министерката за одбрана, Славјака Петровска на нејзиниот официјален профил испрати кратка порака и порача дека соработка за мирен и безбеден регион, стабилноста на Западниот Балкан е клучен приоритет за Северна Македонија и Косово.

– На денешната средба со косовскиот министер за одбрана, Арбен Мехај, разменивме мислења за актуелните геополитички предизвици, за придонесот на Северна Македонија во одржувањето на регионалната безбедност и стабилност, вклучително и преку учеството во НАТО мисијата КФОР, напиша Петровска, кој денеска престојува во посета на Косово.

Таа информира дека е потпишан нов Меморандум за соработка, како продолжување на веќе воспоставената соработка што ги опфаќа справувањето со дезинформациите, безбедносната и одбранбена политика, процесот на планирање, програмирање, буџетирање и извршување, медицинската обука и военото образование.

14.04.2022 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега