Пратеничката Славјанка Петровска учествуваше на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржа на 23 август во Киев, во пресрет на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на земјата.

Настанот, кој се одржува под покровителство на претседателот на Украина, претставува духовен и дипломатски собир кој ги обединува светските и домашните лидери во напорите за мир и правда.

Во рамките на престојот во Киев, Петровска оствари средба со Игор Жовква, заменик-шеф на Кабинетот на Претседателот на Украина.

На средбата, таа ја потврди силната поддршка на Македонија за Украина и посветеноста кон постигнување праведен и траен мир.

За време на посетата, на Петровска ѝ беше врачен орденот „Принцеза Олга“ од прв степен, кој на 4 септември 2023 година ѝ го додели украинскиот претседател за нејзиниот придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина.

Од собраниската прес-служба соопштија дека нејзиното учество е израз на солидарноста на земјава кон украинскиот народ во зачувувањето на неговиот суверенитет и територијален интегритет.

Exit mobile version