Петров: Ако Џамбаски го прекрши законот, да го пикнат во куќичките на Страцин, па со авион Бугарија да го земе назад

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров вели дека европатеникот Ангел Џамбаски нема никаква поддршка од бугарските граѓани, а тој само прави штета врз односите меѓу Скопје и Софија.

Според Петров, доколку Џамбаски дојде во Македонија в сабота, на Денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, ќе мора да ги почитува македонските закони.

-Тој ако се појави во државата треба да биде соочен со законот на ист начин како и секој друг граѓанин на Македонија. Доколку го прекрши законот уште на оние куќички на Страцин, кадешто е полицијата, да го пикнат внатре, да го задржат 24 часа, па потоа со авион да го земат назад, рече Петров.

Во гостувањето на Сител рече дека не може Џамбаски да биде прогласен за „персона нон грата“ само поради иредентистичките изјави, туку вели дека тоа е комплексен процес.

-Зазема други интереси на државата и јас не сметам дека заради тоа што некој ќе каже негово мислење дека ние сме нешто не сме, бидејќи Македонци и никогаш нема да бидеме Бугари, не сметам дека заради тоа ќе треба да биде прогласен за „персона нон грата“. И добро е што нашите стратешки партнери ги осудија неговите иредентистички изјави и сметаат дека тоа е нешто што е недозволено особено за човек што ја претставува Бугарија во Европскиот Парламент, рече Петров.

Според него, в сабота церемонијата ќе се одвива според најстрогите безбедносни стандарди и не очекува инциденти.

Засилено полициско обезбедување уште од понеделникот ја чува црквата Св. Спас кадешто се наоѓаат моштите на македонскиот великан. И покрај најавите на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, повеќе од јасно е дека безбедносните служби нема да им дозволат да патролираат или да стражаат во и околу црквата.

01.02.2023 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега