Петков: Падна договор - со Ковачевски се согласивме Бугарите да бидат впишани во македонскиот Устав

Македонскиот и бугарскиот премиер Димитар Ковачевски и Кирил Петков се договориле Бугарите да бидат впишани во Уставот на Република Северна Македонија, а останува во рамки на преговорите меѓу двете држави да се договори кога тоа точно ќе се случи.
„Разговараме за тоа каков да биде рокот. Така ќе го направиме во преговорите, што тоа ќе биде факт - Бугарите во Северна Македонија ќе имаат еднакви права со другите“, рече бугарскиот премиер Кирил Петков во петокот пред пратениците во бугарскиот парламент.
Само впишување на Бугарите во Уставот на соседната земја, според Петков, сепак нема да биде само по себе доволно. 
„Важно е бугарското малцинство во Северна Македонија да биде признаено преку измени на нивниот устав, но тоа нема да биде доволно. Поважно е во текот на преговорите за членство во ЕУ секоја манифестација на говор на омраза или дискриминација да биде разбиена во текот на овој процес и елиминирана“, додаде Петков. 

28.01.2022 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега