Close Menu
Press24
    Најново

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петкоска: За две години воведени се 28 нови авиодестинации од Скопје и Охрид

    Петкоска: За две години воведени се 28 нови авиодестинации од Скопје и Охрид

    22.08.2026 во 12:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, на денешната прес-конференција соопшти дека преку македонските аеродроми во Скопје и Охрид во изминатиот период се воведени 28 нови авиодестинации.

    Според неа, проширувањето на мрежата на летови има за цел подобрување на воздушната поврзаност на државата со европските и светските метрополи.

    „Воздушната поврзаност е важна за секоја модерна и развиена држава. Таа значи полесно патување за граѓаните, повеќе можности за туризмот и бизнисот и поголема отвореност на Македонија кон Европа и светот“, изјави Петкоска.

    Од аеродромот во Скопје, како што посочи таа, овозможени се директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Дубаи, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро во Сардинија и Палермо во Сицилија.

    Истовремено, од аеродромот во Охрид воведени се линии до Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена.

    Петкоска истакна дека новите директни линии ги олеснуваат патувањата за работа, образование и за посета на семејствата во странство, а истовремено го поттикнуваат странскиот туризам и прилив на инвестиции.

    „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено да работи на проширување на мрежата на дестинации и создавање услови за нови авиолинии од Скопје и Охрид, затоа што Македонија треба да биде држава со повеќе можности, подобра поврзаност и отворени врати кон светот“, порача пратеничката.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.