Close Menu
Press24
    Најново

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница

    28.10.2026 во 16:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петкоска: Да не се лутат на зборот „талог“, да се лутат поради причината во која се препознаваат во него, јасно ни е од каде доаѓа нервозата

    Петкоска: Да не се лутат на зборот „талог“, да се лутат поради причината во која се препознаваат во него, јасно ни е од каде доаѓа нервозата

    05.08.2026 во 17:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ објави статус на социјалните мрежи на кој потенцира дека проблемот не е во зборот, туку во огледалото и додаде „да не се лутат на зборот „талог“, да се лутат поради причината во која се препознаваат во него, јасно ни е од каде доаѓа нервозата“.

    По продолжение е интегрален текст од објавата:

    „Проблемот не е во зборот, туку во огледалото!
    Една изјава беше доволна за целата опозиција да скокне како попарена.
    Но, зошто?
    Ако тврдат дека тие не се талогот на општеството, зошто толкава паника и драматизација?
    Навистина е фасцинантно колку брзо се препознаа.
    Никој не ги прозва по име, а сите се построија во ред за демант.
    Богами…ваква самодоверба ретко се гледа.
    Истите политички пиромани кои седум години ја палеа државата со неспособност, денес глумат пожарникари!
    Истите мајстори за празни ветувања, кои не изградија ниту еден километар нов автопат, денес држат лекции за инфраструктура!
    Делницата Кичево – Охрид со години беше симбол на застој и повеќе личеше на ботаничка градина, отколку на градилиште!
    Додека тие се богатеа, народот осиромашуваше.
    Додека тие се фалеа со монтирани и скапо платени видеа, Македонија тонеше на дното по економски раст.
    Инфлацијата дивееше, платите и пензиите каскаа зад цените, а единственото што растеше со брзина на светлината, беа нивните изговори.
    Затоа денес ни е и повеќе од јасно од каде доаѓа нервозата!
    Денес граѓаните сè појасно ја препознаваат разликата меѓу
    политика на резултати и политиката на изговори.
    И сега, кога бројките се подобруваат, кога се градат патишта, кога економските показатели се движат во добра насока, кога Македонија конечно излегува од местото во кое тие ја заковаа, ги вознемируваат резултатите!?
    Ако си го поставиме прашањето зошто секој успех ги прави толку нервозни? Одговорот е едноставен.
    Успехот најсилно ги демантира оние кои цела политичка кариера ја граделе врз магла, прашина и манипулации.
    Затоа…не лутете се на зборот – лутете се на причината поради која се препознавате во него“.

    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.