Петер Сијарто: Ударите на руска територија повлекуваат ризик од сериозна ескалација на конфликтот
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Будимпешта се противи на удари со оружје со долг дострел на руска територија, бидејќи, како што наведе, тоа повлекува ризик од сериозна ескалација на конфликтот.
„Ако има се повеќе и повеќе оружје во Украина, ако има далекусежни удари на руска територија, ќе има поголема опасност од ескалација, а опасноста од војна ќе стане посериозна“, напиша Сијарто на Фејсбук пред денешната средба на министрите за надворешни работи и за одбрана во Брисел.
Сијарто оцени дека она што може да се види на бројните видеа, на кои се гледа како „сиромашните Украинци се носат на фронтот, каде повеќето од нив во основа чекаат да умрат“, е „брутално“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа