Пет грешки во креветот кои жените не ги простуваат

Мажите мислат дека знаат сѐ за сексот и тоа од мали нозе. Поголемиот дел од нив не можат да бидат подалеку од вистината со таквото тврдење, особено ако се прашаат жените.

Според мислењето на припадничките на понежниот пол, ова се петте најголеми грешки кои мажите ги прават во сексот:

Игнорирање

Желбите во сексот треба јасно и гласно да се кажат без какви било бариери зашто единствно така сексот може да биде навистина добар. Па ако вашата мила нешто упорно ви го говори, послушајте ја веќе еднаш.

Копирање филмови за возрасни

Овие филмови не го репрезентираат вистинскиот живот и сексот кој таму го гледате во принцип нема премногу врска со реалноста, освен ако немате секс со ѕвезда од овие филмови. Во сите други случаи заборавете сѐ што сте гледале.

Мрзливост

Еден од смртносните грешки во сексот е кога мажите само лежат и очекуваат жената да прави сѐ сама. Сепак, ни жените тука не се амнестирани од одговорност.

Недостаток на имагинација

Ок, имате шема која функционира,, но таа сепак има рок на траење зашто не можете секој ден да го јадете омиленото чоколадо, порани или подоцна ќе ви се здосади, па така и вашата шема ќе и здодади на неа.

(Пре)кратка предигра

Предиграта кај жените можеби е поважна и од самиот сексуален чин, додека кај мажите е обратно. Но, сепак тие се тие кои мора да се прилагодат, кај жените сексот без предигра речиси е невозможен.


 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега