Пенов: Се договоривме со Арсовска, ќе работиме на три проекти важни за граѓаните

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска беа кај градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Пенов по средбата кажа дека побарал објаснување за проекти и кажа дека се договориле со Арсовска да работат на три инфраструктурни проекти кои се важни за скопјани.

„Јас сум за проектите кои се важни за Скопје. Тоа се подземниот премин кај „Рамстор“, мостот во Карпош кај Љубљанска и тој во Аеродром кој стои поради имотно-правни односи. Се договоривме за овие проекти со Арсовска“, вели Пенов.

16.11.2022 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега