Пендаровски за свирежите: Тоа е демократија, ние сме платени за да трпиме секаква критика

Откако денеска пред црквата Светис Спас беше исвиркана државната делегација предводена од Пендаровски, претседателот изјави дека таквата реакција на граѓаните е логична и нормална во една демократска држава.

-Нема да ги затвораме луѓето затоа што изразиле задоволство или незадоволство од било кој наш потег. Затоа се боревме за да живееме во демократска земја. Мене ми е драго што гледам таква реакција. Ние сме платени за да трпиме секаква критика, одговори Пендаровски на новинарско прашање.

Покрај Пендаровски, дел од делегацијата што дојде на гробот на Гоце Делчев, беше и вицепремиерот Артан Груби, како и министерот Благој Бочварски.
04.02.2022 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега