Пендаровски: Реториката на Петков е како на Нелсон Мандела

Не гледам проблем во тоа некој од нашите соседи да искажува пиетет кон еден од камен-темелниците на нашата државност, без оглед дали постои или не формална одлука за заедничко одбележување на личноста и делото на Гоце Делчев. Во услови кога комисијата се уште нема дојдено до заедничка формулација на ова е чин на добра волја од двете страни кој ќе помогне за намалување на тензиите кои уследија по бугарското вето, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

– Не знам дали во формална смисла постои одлука за заедничко чествување бидејќи тоа би требало да биде една од надлежностите на Историската комисија. Меѓутоа, не гледам проблем и да не е така. Ние и пред да постои, тоа ви е вам добро познато, Историската комисија, сме имале заеднички чествувања на одредени настани, на одредени ликови. И без да има одлука на Историската комисија сме правеле и во Република Бугарија и во Северна Македонија заедничко чествување на различни паметници. Така што не гледам проблем. Не гледам проблем во тоа да некој од нашите соседи искажува пиетет кон еден од камен-темелниците на нашата државност. Не, не гледам проблем во тоа, рече Пендаровски на новинарско прашање како гледа на тоа што македонска и бугарска делегација ќе положат цвеќе на гробот на Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.

Во однос на забелешките на копретседавачот на македонскиот тим од Историската комисија дека не би требало вака да се одбележува Гоце Делчев, кој е една од спорните теми во работата на оваа комисија, Пендаровски смета дека нема проблем во чествувањето на Делчев на овој начин во услови кога комисијата се уште нема дојдено до заедничка формулација на и на тоа гледа како на чин на добра волја од двете страни што ќе помогне за намалување на тензиите кои уследија по бугарското вето на нашата евроинтеграција.

–Нема да пречи. Нема да пречи зошто тие разговараат во Комисијата околу година и пол за Гоце Делчев за заемно прифатлива формулација. Досега нема најдено заедничка прифатлива формулација, меѓутоа не гледам проблем да се чествува во меѓувреме. Ниту политичарите ќе прејудицираат решение на Историската комисија, ниту ова може да се третира како некаков вид на притисок – ајде побрзо најдете заедничка солуција или формулација. Мислам дека е чин на добра волја од двете страни да ги олабавиме малку тензиите кои за жал во последнава година дена се прилично високи во таа билатерала од познати причини, поради бугарската блокада и ова го гледам само во таа насока, не како чин кој ќе ја вжешти атмосферата и ќе ни одмогне да најдеме заедничка солуција, туку ќе ни помогне, вели Пендаровски пред да ја отвори изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872-2022)“, што ја организира Државниот архив на Северна Македонија, под негово покровителство во Музејот на македонската борба.

За изјавата на Петков дека постојат сили кои не сакаат развој на добососедски односи меѓу двете држави дадена како коментар за посетата на делегација на здруженија на Македонци од Бугарија, претседателот Пендаровски смета дека таа не ја влошува ситуацијата, нагласувајќи дека треба да се има предвид и внатрешниот контекст кај соседот, бидејќи вели, откако е премиер реториката на Петков е како да зборувам Мандела, ако го споредите со тоа што зборуваа неколкумина министри од претходната влада на Борисов.

– Во однос на изјавата на Петков јас мислам дека тој не оди на личност, не оди навредливо. Не оди со реторика која, ако паметите колку до вчера беше стандардна дневна рутина посебно за некои министри од претходната бугарска влада. Да ви кажам најискрено од она што го слушам од Петков последниве недели од кога е премиер е како да зборувам Мандела, ако го споредите со тоа што зборуваа неколкумина министри од претходната влада на Борисов во која имавме дневна количина на навреди и кон нас и како народ и нација. Не мислам дека ја влошува состојбата. Мислам дека се држи до тоа што му е надлежност и се разбира имаат и тие внатрешен политички контекст како и ние што имаме и треба да гледате и дека има таква внатрешна една конотација секоја негова изјава. Инаку, стриктно говорејќи во договорна смисла владите преговараат меѓународни договори, владите потпишуваат, владите имплементираат. Претседателите се тука да помогнат во создавање на амбиент за да се дојде до договор. Сега, ако работиме лошо можеме и да одмогнеме. Јас се надевам дека помагаме, оценува Пендаровски.

Одлуката Бугарите да се вметнат во македонскиот Устав, нагласи тој, ќе биде автономна самостојна одлука на македонските институции.

04.02.2022 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега