Пендаровски: Посетата на Донфрид покажа дека постои силна американска поддршка за стабилноста во регионот

Посетата на Карен Донфрид, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, е потврда за силната американска поддршка за регионалната стабилност и за важноста од понатамошна консолидација на демократските процеси во регионот, оценува претседателот Ставо Пендаровски.

-Северна Македонија останува посветена на јакнење на стратешкото партнерство со САД и спроведување на реформските процеси со цел владеење на правото и борба против организираниот криминал и корупцијата, напиша Пендаровски на својот фејсбук профил по средбата со Донфрид.

Донфрид која денеска престојува во зејава, претходно се сретна со својот домаќин, министерот за надвоешни работи Бујар Османи, а потоа имаше средба и со премиерот Димитар Ковачевски.

28.04.2022 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега