Пендаровски до Николоски: Не сме користеле странски компании за правење на анкети

Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети, стратегии, ниту пак комуникациски услуги од домашни експерти, напиша на Фејсбук претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

„Така ќе биде и за време на претседателската кампања 2024, нема да се користат ниту странски, ниту домашни комуникациски експерти, ниту пак ќе се нарачуваат анкети. Александар Николоски и ВМРО-ДПМНЕ нека се насочат кон нивните сопствени стратези и анкетари и нека си ги прочитаат анкетите во кои очигледно стои дека во вториот круг победник на претседателските избори е Стево Пендаровски. Александар Николоски најверојатно е последниот функционер од ДПМНЕ кој треба да разговара за мојата плата. Нема поголема перверзија за криминал да обвинува вториот човек на партијата која со години е синоним за организиран криминал и чија сметка со години е блокирана“, истакна Пендаровски.

18.03.2024 - 20:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега