Пендаровски до Грлиќ Радман: Подготвени сме и очекуваме што поскоро почетокок на преговорите со ЕУ

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во посета на земјава, при што изрази подготвеност и очекувањe за што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција и започнување на пристапните преговори со ЕУ.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на средбата се потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави и е изразено задоволство од интензивниот политички дијалог, конструктивните разговори, како и размената на посети на високо и највисоко ниво, за што говорат и учествата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и министерот Грлиќ Радман на меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог“ што ќе се одржи во Охрид.

– Претседателот Пендаровски изрази благодарност за континуираната хрватска поддршка за евроинтегративниот процес и изрази подготвеност и очекувањe за што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција и започнување на пристапните преговори со ЕУ. Во тој контекст, соговорниците разменија мислења и информации за последниот развој на настаните во соседна Бугарија, како и за напорите на француското претседателство со Унијата за деблокада и пробив на процесот, се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски и министерот Грлиќ Радман разговараа и за актуелните состојби во поширокиот регион, вклучително и за руската инвазија врз Украина, како и за безбедноста и стабилноста на Европа.

15.06.2022 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега