Патријархот Порфириј: Откажувањето на Eвропрајд е исправна одлука

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ), Порфириј се огласи по информациите дека Европрајд е откажан и нема да се одржи во Белград.

Порфириј кажа дека таа тема била вештачки наметната во Србија и целосно спротивна на вредносниот систем на српскиот народ.

„За ова директно ми сведочеа претставници од други цркви и верски заедници. Затоа, откажувањето на Европрајд е исправна одлука. Учењето во црквата веќе е изразено на почетните страници на Библијата, каде што пишува дека Бог го создал човекот како два пола, машко и женско, што значи дека бракот и семејството, а така е дефиниран за соединување на љубовта меѓу мажот и жената со нивните деца“, кажа Порфириј.

06.09.2022 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега