Партиски лидер осомничен дека го извршил убиството - му помагал најблискиот соработник
Скопјанецот Љ.П. се сомничи дека е директен извршител на убиството на малолетната Вања Ѓорчевска, дознава Press24 од извори во истрагата. Според првичните и неофицијални информации, Љ.П. прво го убил велешанецот а потоа и малолетната Вања. Според се уште непотврдени информации, токму тој бил човекот што пукал во Вања, додека 64 годишниот жител на скопското село Бразда му помагал во извршувањето на делото.
Полицијата веќе извршила претрес на повеќе локации а меѓу нив се и домовите на двете осомничени лица, партиски штаб и други простории за кои се сметало дека ќе донесат релевантни инфорамции за истрагата.
Љ.П во моментов се уште е во бегство. Според некои се уште непотврдени информации, тој наводно веќе бил приведен во една соседна држава каде е сместен во екстрадиционен притвор. За ниту една од овие информации не може да се догбие официјална потврда ниту во МВР ниту во Обвинителството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа