Папата Франциск се огласи по одлуката „Света Софија“ да стане џамија

Папата Франциск денеска изјави дека е повреден од одлуката на Турција музејот Аја Софија да стане џамија и го осуди овој потег.

– Моите мисли одат во Истанбул. Мислам на Аја Папа Софија и многу сум повреден, рече папата за време на неделната молитва на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Како што најави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Аја Софија како џамија ќе биде „отворена“ со џума (петочна молитва) на 24 јули.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2020 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа