Возилото што папата Франциск го користеше за време на посетата на Витлеем во 2014 година е претворено во мобилна клиника за која христијанските лидери се надеваат дека ќе обезбеди нега за палестинските деца во Газа.

Папата пред својата смрт во април го доверил возилото на католичката организација Каритас, која го надгледувала проектот за пренамена на возилото.

Секретарот на Каритас, Алистер Датон, на конференција во Витлеем изјави дека чувствува задоволство поради тоа што организацијата има сериозен придонес во добросостојбата на децата во Газа.

Каритас возилото го нарече „Возило на надежта“.

Exit mobile version