Поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, експресно реагираше со материјален доказ откако Советот на јавни обвинители денеска ја одби неговата кандидатура за државен јавен обвинител.
Условот за стаж Советот ја отфрли кандидатурата на Панчевски со образложение дека тој не го исполнува законскиот услов од 10 години непрекинат работен стаж како судија или обвинител во областа на кривичното правo.

Сепак, Панчевски на својот Фејсбук профил објави официјална потврда издадена од Основниот кривичен суд Скопје, која директно ја оспорува ваквата одлука.
Во потврдата, потпишана од судскиот администратор Дејан Нешовски, стои дека Панчевски бил судија во периодот од 08.02.2008 до 28.07.2020 година.
Вкупен стаж: 12 години, 5 месеци и 20 дена (над законскиот минимум).
Област: Постапувал во Одделението за организиран криминал и корупција, претходна постапка и прекршоци.
Функција: Поранешен претседател на Основниот кривичен суд Скопје.
„Историјата бележи, Ви благодарам на сите добронамерни луѓе и пријатели желни Македонија конечно да стане правна држава“, напиша Панчевски.