Палчо ја напуштил Македонија заедно со неговиот адвокат
Првоосомничениот за убиството на 14г. Вања Ѓорчевска и велешкиот фризер Жежов, Љупчо Палевски Палчо е во бегство заедно со уште едно лице, поточно неговиот адвокат. Надлежните рекоа дека не можат да го откријат идентитетот на адвокатот поради истрагата.
Државата ја напуштил со автомобил и се упатил во Белград. Потоа оттаму отишол во Бугарија, а сега полицијата е во траг на Палевски, но Спасовски не сакаше да открие каде се наоѓа.
04.12.2023 - 10:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа