Пакомак: Во просек, секој жител на нашата земја создава повеќе од два килограми отпад на ден

 

Од „Пакомак“ соопштуваат дека рециклирањето е најчестиот начин на кој покажуваме грижа за околината, но за да го направите вашето домаќинство навистина одржливо, потребно е да почнете од првиот логичен чекор – намалување на отпадот кој го оставате зад себе. Посочуваат дека просек, секој жител на нашата земја создава повеќе од 2 килограми отпад на ден, а таа бројка се зголемува скоро секоја година.

Како што посочуваат, целта на одржливиот начин на живот е да се создава помало количество отпад, што ќе придонесе за зачувување на суровинските извори и намалување на нивната потрошувачка, како и на потрошувачката на енергија потребна за да се произведат истите.

– Погледнете околу себе и обидете се да ги забележите сите видови на отпад кои можете да ги „скратите“ со одговорна и паметна употреба на ресурсите. На пример, започнете со тоа што со себе секогаш ќе носите платнена торба кога одите во шопинг. На тој начин ќе ги намалите трошоците за купување најлонска ќеса, но и ќе го намалите бројот на ќеси кои беспотребно се „трупаат“ во некоја од фиоките во домот, велат од „Пакомак“.

11.05.2022 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега