Close Menu
Press24
    Најново

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднати дрва и бандери, пожари и штети – Невреме направи пустош и во Куманово и Старо Негоричане

    Паднати дрва и бандери, пожари и штети – Невреме направи пустош и во Куманово и Старо Негоричане

    21.07.2026 во 10:012 Mins Read
    ТППЕ Старо Нагоричане
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град предизвика пожари, материјални штети и прекини во електроснабдувањето во Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

    Кумановската противпожарна единица вчера интервенирала во селата Челопек и Руѓинце, каде гаснела опожарена куќа и пожар на житни површини. Пожарникарите дополнително отстраниле паднато дрво врз возило на булеварот „Октомвриска револуција“, а интервенирале и на пожар на улицата „Индустриска“.

    Голема интервенција имала и Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане, која од 13:37 часот со три противпожарни возила и 12 пожарникари гаснела пожар на сува трева и нискостеблеста шума во атарот на селата Степанце и Добрача.

    Во гаснењето се вклучиле и екипи од Шумското стопанство Куманово, припадници на полицијата, пожарникари од Ранковце, како и два авиона за гаснење. Пожарот бил ставен под контрола по врнежите од дожд.

    Во Старо Нагоричане, поради спојување на електрични жици предизвикано од силниот ветер, биле регистрирани пожари и во селата Канарево, Пузајка, Руѓинце, Жегљане и Челопек.

    Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово информираат дека околу 17:30 часот регионот бил погоден од силно невреме, по што на бројот 112 биле примени повеќе пријави за прекини на електрична енергија, паднати дрвја и бандери, искрење и скинати електрични кабли, како и паднат лимен покрив од зграда на улицата „Лесковачка“.

    Невремето со силен ветер и дожд ја зафатило и Општина Липково, каде исто така биле пријавени прекини во снабдувањето со електрична енергија.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.