Close Menu
Press24
    Најново

    ЦУК: Јавете се на 112 само кога е итно – имаме повици за административни прашања

    30.10.2026 во 11:50

    Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток

    30.10.2026 во 11:35

    Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело

    30.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК: Јавете се на 112 само кога е итно – имаме повици за административни прашања
    • Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток
    • Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело
    • ФОТО: Сообраќајка пред Собрание – Се искршија мотор и такси возило
    • Од 1 мај со авион од Скопје до Тиват – Директна линија двапати неделно
    • МВР го уапси и Билал Кара – Сопственикот на „Санте Плус“
    • Жената што си го отру семејството со печурки осудена на доживотен затвор во Австралија
    • ВИДЕО: Вода од плафоните и бучно греење – Студентите со нови проблеми во реновираниот „Стив Наумов“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа двајца радовишани: Неовластено и во нехигиенски услови произведувале мраз во кој е утврдено присуство на бактерии

    Паднаа двајца радовишани: Неовластено и во нехигиенски услови произведувале мраз во кој е утврдено присуство на бактерии

    26.09.2026 во 10:383 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Т.Д.(62) и С.Д.(62), двајцата од Радовиш, поради постоење на основано сомневање дека извршиле продолжено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други продукти“ по член 213 Кривичниот законик, велат од МВР.

    Пријавените повеќе години наназад, како нерегистрирани производители на мраз, вршеле производство на мраз во импровизирани и нехигиенски услови и така небезбедно произведен го пуштале во промет на други правни и физички лица. На 16.09.2026, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш во координација со државен инспектор за храна од Агенција за храна и ветеринарство извршиле претреси во дом и други простории, на четири локации, кои ги користат пријавените.

    Притоа, на терасата во приземниот дел од куќата во која живеат биле пронајдени замрзнувачи во кои имало поголем број ќеси во кои имало коцки мраз, кои биле складирани и оставени од пријавените за продажба по принцип на самопослужување, а парите од продажба се оставале во посебна кутија. Додека, во подрумските простории од куќата биле пронајдени четири машини за производство на мраз во коцки и уште еден фрижидер-замрзнувач во кој имало поголема количина коцки мраз, спакувани во ќеси за продавање. По насоки од државниот инспектор, од стручен тим акредитирана лабораторија за испитување на храна и вода, земени се примероци од водата која што се употребува како суровина во производство на мраз, готовиот производ-мраз од ќесите од трите замрзнувачи и брисеви од опремата за производство на мраз. Од добиениот извештај од микробиолошка и хемиска анализа на водата е утврдено дека само таа одговара на бараните параметри согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење. Сите останати примероци земени за анализа не одговарале на бараните параметри и во овие примероци било потврдено присуство на бактерии ешерихија коли и колиформни бактерии, со кое е докажано дека мразот бил небезбеден за употреба и штетен по здравјето на луѓето заради контаминација со бактерии од фекално потекло. По добиените резултати, од Агенцијата за храна и ветеринарство, пронајдените ледомати и замрзнувачи со готовиот мраз од околу 850 килограми се запечатени и одземени.

    При извршените претреси, исто така, било утврдено дека производството на мраз се вршело со довод на вода поставен на повеќе места, а од вработени во Јавно претпријатие „Плаваја“ Радовиш е констатирано дека водата која се користи во подрумскиот дел не се мери преку водомер. Воедно, при претресот во објектот на пријавените на место викано „Гладно поле“ атар на Радовиш, за кој е констатирано дека е бесправно изграден, била пронајдена и одземена воздушна пушка, која ја поседувале без соодветна документација. По целосно документирање на случаите за бесправно изградениот објект и одземената пушка, СВР Струмица-ОВР Радовиш ќе поднесат соодветни пријави. Двајцата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Радовиш.

    Прочитај повеќе

    ЦУК: Јавете се на 112 само кога е итно – имаме повици за административни прашања

    30.10.2026 во 11:50

    Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело

    30.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.