Ноќеска (06.10.2025) во 02:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес ги лишиле од слобода А.У.(22) и М.Ј.(22), двајцата од Прилеп.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициските службеници извршиле контрола во патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал М.Ј., а сопатник бил А.У., при што кај А.У. се пронајдени и одземени девет банкноти од по 200 евра, за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификат.

Тие се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Exit mobile version