Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот актер Чак Норис

    20.03.2026 во 15:24

    Димитриеска-Кочоска: Платите и пензиите се сигурни, приоритет буџетски дефицит

    20.03.2026 во 14:27

    Туск остро против Орбан: „Користи трикови за домашна игра, цела Европа има проблем со него“

    20.03.2026 во 14:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот актер Чак Норис
    • Димитриеска-Кочоска: Платите и пензиите се сигурни, приоритет буџетски дефицит
    • Туск остро против Орбан: „Користи трикови за домашна игра, цела Европа има проблем со него“
    • ВИДЕО: Километарски колони на граничните премини кон Грција
    • Се скарале за девојка, па извадил пиштол: Полицијата уапси тинејџер од кочанско
    • МВР на терен: Кампањи против насилство, несовесно возење и зависности
    • Макрон: Ескалацијата на Блискиот Исток нема да нè одврати од поддршката за Украина
    • Манасиевски: „Секој кој се огрешил ќе одговара“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа 11 полицајци – МВР утврди пропусти во Велес во постапувањето по пријавите на Росица Коцева

    Паднаа 11 полицајци – МВР утврди пропусти во Велес во постапувањето по пријавите на Росица Коцева

    26.09.2025 во 13:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Одделот за внатрешна контрола при МВР изврши проверки за постапувањето на полициските службеници од СВР Велес

    Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата Росица Коцева.

    Во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена и кривична пријава против пријавениот, која заврши со условна пресуда во судска постапка. Сепак, внатрешната контрола утврди дека во дел од претходните пријави на жртвата не било постапено целосно согласно законските обврски и процедурите.

    Врз основа на извршените проверки поднесен е предлог за поведување на дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР Велес, а за утврдените наоди писмено е известено и Јавното обвинителство за натамошно постапување во рамки на нивната надлежност.

    Министерството за внатрешни работи останува посветено на транспарентност, професионалност, отчетност и одговорност и во тој контекст ќе продолжи со унапредување на процедурите и отстранување на системските недостатоци за поголема ефикасност на полицијата во заштитата на граѓаните.

    Популарно

    Почина легендарниот актер Чак Норис

    20.03.2026 во 15:24

    Димитриеска-Кочоска: Платите и пензиите се сигурни, приоритет буџетски дефицит

    20.03.2026 во 14:27

    Туск остро против Орбан: „Користи трикови за домашна игра, цела Европа има проблем со него“

    20.03.2026 во 14:17

    ВИДЕО: Километарски колони на граничните премини кон Грција

    20.03.2026 во 14:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.