Универзитетската професорка Ана Чупеска поднела оставка од функцијата потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Причините за нејзиното повлекување засега не се познати за јавноста.
Професорката Чупеска на потпретседателската функција во СДСМ дојде откако партијата ја презеде Фенко Филипче. Таа е професорка на Правниот факултет во Скопје.
Нејзината оставка доаѓа по Локалните избори 2025, за кои Чупеска по првиот круг на гласање изјави дека биле успешни за СДСМ, иако партијата во тој круг освои само три градоначалнички места.
Сè уште нема официјално соопштение од партијата или од самата Чупеска за причините за нејзината одлука.

