Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје упати нов апел до студентите и повозрасните граѓани кои користат бесплатен јавен превоз, потсетувајќи ги на обврската за продолжување на годишните билети за 2026 година.

Рокот за заверка на студентскиот билет е продолжен до 20 јануари. До овој датум контролорите нема да изрекуваат казни, но по овој термин индексот или потврдата нема да се признаваат како документ за превоз. Потребни се потврда за редовен студент, индекс на увид и лична карта. На бруцошите од генерацијата 2025/2026 билетот им важи автоматски.

Заверката за бесплатниот превоз за оваа категорија мора да се изврши до 31 јануари. Доколку билетите не се заверени до овој датум, истите ќе бидат автоматски блокирани. Заверката се врши исклучиво со лично присуство и лична карта во центрите за персонализација.

Exit mobile version