Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека клучните сообраќајни точки на влезот во главниот град добија ново, модерно осветлување. Со осветлувањето на натпатниците „Дијамант“ и „Маџари“, Град Скопје цели кон подобра видливост и зголемена безбедност за сите возачи и пешаци.
Влезот на Скопје мора да биде достоинствен, уреден и безбеден, истакна Ѓоѓиевски.
„Со цел подобра видливост и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, осветлени се натпатниците „Дијамант“ и „Маџари“, клучни точки на влезот во главниот град.
Со оваа интервенција, покрај зголемената безбедност, се обезбедува и поуреден, модерен и естетски изглед, достоен за градот што ги пречекува своите граѓани и посетители.
Со истата посветеност продолжуваме и во иднина, систематски да ги уредуваме и осветлуваме сите мостови и натпатници низ Скопје, создавајќи побезбедна сообраќајна инфраструктура и поквалитетен урбан амбиент.
Скопје го правиме заедно. По скопски!“, посочи Ѓорѓиевски.

