На врвот Пелистер, на надморска височина од 2.601 метар, денеска падна снег, соопштија од ЈУ Национален парк „Пелистер“.

Променливото време и наглиот пад на температурите ги претворија врнежите од дожд во снег на највисоките точки на планината Баба.

„Пелистер како крал на планините во Македонија и понатаму е непредвидлив и моќен“, истакнаа од јавната установа.

Издадената фотографија од снежните прилики е направена од вработените во пунктот на Националната радиодифузија на самиот врв.

Падот на температурите е изразен и во подножјето на планината.

Во Битола вчера во 17:00 часот беа измерени 26 степени Целзиусови.

Денеска во истиот термин, температурата изнесуваше само 12 степени, со тенденција за дополнително опаѓање.

Exit mobile version