27-годишен осуденик од Куманово бил пронајден починат во Казнено-поправната установа „К’шање“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од СВР Куманово, случајот бил пријавен вчера во 12:35 часот од затворската установа, по што полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот.

Увид извршила екипа на СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за причините за смртта, а тие ќе бидат утврдени по завршувањето на обдукцијата и натамошната истрага.

Exit mobile version