Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Пријавениот А.Б., полициски службеник во Одделението за обезбедување на Собрание на РСМ, Сектор за обезбедување на објекти од државен интерес при Оддел за заштита на определени личности и објекти, на 12.02.2026 на ул.„11 Октомври“ во Скопје управувал негово лично патничко моторно возило „бмв“ без положен возачки испит, односно без возачка дозвола, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Б. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
- Димитриеска-Кочоска: Буџетот е стабилен и во добра кондиција
- Мицкоски: Во ТИРЗ се реализираат инвестиции од 650 милиони евра, ќе се отворат 5.000 нови работни места
- Мицкоски: 22 години од смртта на Борис Трајковски – неговото лидерство беше водено од визија за европска Македонија
- Напад во домот за стари лица во Куманово: Скопјанка заврши во болница
- Поранешниот градоначалник на Кичево заработи кривична – го оштетил општинскиот буџет за над 1,4 милиони денари
- Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, воведуваме ред за парите да завршат кај вистинските земјоделци
- Следува температурен шок – УХМР со најнова прогноза
- Драма во кривопаланечко: Приведена една од ќерките на сопственикот на кравите

