Падна одлука: Од утре Русија нема да извезува бензин
Руската влада објави дека од петок го забранува извозот на бензин на шест месеци, одлука донесена за „стабилизирање“ на цените на бензинските пумпи на домашниот пазар.
„Владата од 1 март воведува привремена забрана за извоз на бензин“, соопшти руската влада.
Мерката, која ќе важи шест месеци, до 31 август, треба да послужи за одржување на стабилна состојба на пазарот на горива во периодот на зголемена побарувачка во пролет, особено во неколку рафинерии, најави Владата.
Забраната не се однесува на испораките според меѓународните меѓувладини договори, вклучително и со земјите-членки на Евроазиската економска заедница – Белорусија, Казахстан, Киргистан, Ерменија, додаде владата.
Ваква мерка Русија веќе имаше во есента 2023 година поради поскапувањето на горивата на бензинските пумпи, поради што куповната моќ на Русите, веќе погодени од ослабената вредност на рубљата поради санкциите, постојано се намалуваше.
Според официјалните податоци, Русија во 2023 година произвела 43,9 милиони тони бензин.
Финансискиот прилив од продажбата на нафта и нафтени деривати е од суштинско значење за Москва во време кога нејзината економија се свртува кон воена економија за поддршка на воената офанзива во Украина.
Последната забрана за извоз беше воведена две недели пред претседателските избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа