Падна Месинџер- корисниците ширум Европа пријавуваат проблеми

Илајдници корисници на популарните социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм утрово и пладнево јавуваат проблеми при интеракцијата со други луѓе.

На Месинџерот на Фејсбук пишува „Нема интернет конекција“ или „Се конектира…“, па има проблеми при праќање на пораки до други виртуелни пријатели.

Преку платформата „Down detector“, проблеми со Фејсбук месинџерот јавуваат луѓе од Јапонија, Унгарија, Бугарија, Тунис, САД, Холандија, Италија, Непал, Кипар, Полска, Тајланд, Романија, Британија…

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2020 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега