Close Menu
Press24
    Најново

    Ужас ја потресе Македонија: Украл автомобил па влетал во маркет, повредена продавачка

    27.02.2026 во 13:17

    Побрзајте да наточите гориво: Нафтата драстично поскапува од полноќ

    27.02.2026 во 13:11

    Родителите реагираат откако дете извадило нож во училиште во скопски Центар

    27.02.2026 во 13:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ужас ја потресе Македонија: Украл автомобил па влетал во маркет, повредена продавачка
    • Побрзајте да наточите гориво: Нафтата драстично поскапува од полноќ
    • Родителите реагираат откако дете извадило нож во училиште во скопски Центар
    • Земја на НАТО ги крена авионите, дрон забележан во близина на границата
    • „Се плашиме“ – рече Вучиќ за состојбата на Дачиќ
    • Мицкоски на средба со еврокомесарот Брунер: Заедничка заложба за посилна стабилност и европски вредности
    • Кузеска: Театарот со Груби стана „Циркус Медрано“, недостастуваат уште „жолтите комбиња“ и сликата да била комплетна
    • (ФОТО) Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна лихварка од Струмица: За долг од 2.700 евра барала назад 15.000

    Падна лихварка од Струмица: За долг од 2.700 евра барала назад 15.000

    27.02.2026 во 11:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На 26.02.2026 во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Ј.Т.(53) од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра.

    Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот лихварски долг. Во моментот кога ѝ ја дал банкнотата од 100 евра, која била претходно обележана, Ј.Т. е лишена од слобода. Притоа, бил извршен преглед кај неа и биле пронајдени обележаната банкнота од 100 евра, тетратка и листови хартија на кои ги нотирала износите на парични средства кои ги давала на лица и износите кои како камата требало да ѝ бидат вратени.

    Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што се пронајдени и одземени пари (денари и евра), нотарски акти, како и тетратки и листови на кои ги евидирала дадени износи на пари, од кои е утврдено дека Ј.Т. досега во повеќе наврати давала пари на лица, а тие требало да ѝ вратат несразмерен износ со кој таа се стекнувала со противправна имотна корист.

    Ј.Т. е задржана во Полициската станица Струмица и за случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

    Популарно

    Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    25.02.2026 во 10:01

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Стразбур пресече: Државата ќе му плати 11.000 евра на затвореник тепан во „Идризово“

    27.02.2026 во 10:00

    Трамп едвај го започна говорот, а веќе првиот инцидент: „Црнците не се мајмуни“

    25.02.2026 во 09:51

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.