Вчера од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода е П.С.(38) од Охрид.
По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари.
До ОЈО Штип поднесена е кривична пријава по итна постапка, а по предлог на ОЈО Штип П.С. е спроведен пред Судија на претходна постапка при што му е одредена мерка притвор.
Актуелно
- Смарт зелениот бран ќе ги чини скопјани 25 милиони денари
- Иранска акција во Заливот: Запленети два танкери со милион литри „шверцувана“ нафта
- Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска
- Зеленски: Путин не се плаши од Европејците, Путин се плаши само од Трамп
- Кривична пријава за гостиварчанец: Се заканувал на сопругата и синот и кршел низ дома
- Скопјанка се јавила во полиција: Деверот ме претепа
- Обвинителството во Зајечар не се откажува: Повторно покренато обвинение за убиството на Данка Илиќ
- Трамп: Веројатно ќе одам во рајот

