Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
Актуелно
- Лукоил најде нов купувач – американски гигант размислува за купување
- Трагичен крај на потрагата: После седум дена докторот пронајден мртов
- Фрлил бомба врз семејна куќа во Нови Пазар – осомничениот притворен
- Нови в.д. директори во четири скопски претпријатија: Ѓорѓиевски ги објави имињата
- Воен авион се урна во Русија
- Германија воведува хибриден модел на воена служба
- Премиерот Мицкоски утре ќе присуствува на свеченост по повод 25 години Фонд за здравство
- Пилот без дозвола превезувал патници низ целиот свет

