Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Б. поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „попречување на правдата“.
Пријавениот Б.Б., на работно место помлад инспектор за малолетничка деликвенција и семејно насилство во Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани при СВР Штип, со намера да сокрие и уништи докази за да го отежне докажувањето на кривично дело во постапката поведена против осомничено лице, неосновано одложил извршување наредба на јавен обвинител за прибирање предмети што може да послужат како доказ во постапка пред суд или друг надлежен орган, со што го спречил, односно отежнал докажувањето на продолжено кривично дело „измама“.
Имено, при лишување од слобода на осомниченото лице и при неговото спроведување до полициска станица не го одзел мобилниот телефон, со што му овозможил да ракува со мобилен телефон, а потоа да го изнесе од полициска станица, со што го направил овој доказ неупотреблив. Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
- Нови детали за пожарот во „Пулс“: Прскалките се активирале „на копче“
- (ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Скопје: Полициско возило се судри со автомобил на „Востаничка“
- Оливер Миланов: Идејата за гробишта на миленици е во напредна фаза – општините треба да одлучат за локации
- АЛКАЛОИД со рекордни консолидирани продажби од 339,3 милиони евра, извоз од 221,6милион евра и со инвестиции од 18 милиони евра во периодот јануари – декември 2025 г
- Хорор ден за скопјанец: Среде бел ден му го пресекол патот со автомобил и му вперил пиштол
- Падна инспектор – му помогнал на осомничен да сокрие докази
- „Вашата внука падна по скали, има тешки повреди“ – лажен лекар дошол на врата на битолчанец и земал 10 000 евра
- Тешка сообраќајка во Штип: Двајца малолетници тешко повредени на кружен тек

