Падна дилер од Тетово - полицијата дома му најде дрога

 

Вчера околу 21 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во дом и помошни простории на Ф.И.(31) од Тетово.

Како што соопшти МВР, при претресот биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана. Ф.И. бил лишен од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок.

02.03.2025 - 11:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега