Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.Т.(54) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, вработен како чувар на шуми и задолжен од подружницата да врши прием на дрвни сортименти од приватни шуми и издавање на испратници за превоз, во повеќе наврати без претходно да ја утврди фактичката состојба од каде потекнува посечената дрвна маса издал службена документација -приемница за сеча, приемница за дотур и испратница за превоз за нето дрвна маса во вкупна количина од 38,43 метри кубни, иако свесно знаел дека дрвната маса потекнува од шума во сопственост на Република Северна Македонија.
Актуелно
- Полицајците масовно апсат: Фатени повеќе пијани возачи
- Полицијата најде 9.000 парчиња пиротехника – едно лице заврши зад решетки
- Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице
- Трендафилов: Срамно е да се фалите со покачување на минималецот за 1.500 денари
- Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
- Почина славната актерка Брижит Бардо
- Украински дронови ја погодија рафинеријата во Сизран, прекини на струја и греење
- Манасиевски: СДС уште еднаш потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи

