ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б.(36) од Струмица, поранешна вработена во еден мобилен оператор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Пријавената, во периодот од март до септември 2024 година, во својство на бизнис агент свесно и со умисла присвоила осум мобилни уреди кои што и биле доверени во службата, на тој начин што на менаџерот од Гевгелија му прикажувала факти дека ќе склучи бизнис договори со пет правни лица од Гевгелија и Дојран и ќе им ги додели мобилните уреди во вид на субвенциона форма за направените активации и обнови.
Додека, на месечните пописи кои биле правени во продажниот салон во Гевгелија свесно било прикриено дека фали трговска стока, со што пријавената причинила имотна штета на оштетеното правно лице во износ од околу 600.000 денари.
Актуелно
- Инцидент на Блаце: Двајца Косовари со остар предмет нападнале Македонец
- Културна дипломатија во Крушево: Љутков и Селаковиќ потпишаа нова, „Програма за соработка во културата 2026–2030“
- (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е целосно исчистено и уредено
- Трагедија во Маврово: Пронајден починат маж во хотел
- Судијката Даниела Димовска е сестра на еден од обвинетите за случајот со „Пулс“ – Форумот за разумни политики бара нејзино повлекување
- Трамп со ултиматум до Техеран: Се приближува армада – следниот напад ќе биде многу полош
- Обвинителството отвори предмет: Се истражуваат наводите на Жан Митрев за рекет од екс-премиер и екс-министер
- Филипче: Власта ја изолира државата со антиевропски манири и сомнителен капитал

