Вчера во 16:35 часот во с.Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода А.Т.(25) од с.Ерџелија. При претрс во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд Свети Николе, пронајдени се и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

