Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба: Д-р Мерџановски со детали за здравјето на момчето

    Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба: Д-р Мерџановски со детали за здравјето на момчето

    09.08.2026 во 15:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, со добри витални параметри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски.

    Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно лекување.

    -Пациентот е во добра состојба. Виталните параметри се стабилни. Вчера имаше покачена температура, но сите направени тестови се негативни на инфекција и најверојатно станува збор за реакција на транспортот и претходната операција. Од денес тој почна да се храни на уста и имаме подобрување на општата состојба – информираше директорот на ТОАРИЛУЦ.

    Според него, во текот на следната недела се очекува пациентот да биде префрлен на Одделот за трауматологија, каде ќе продолжи интензивната рехабилитација, а потоа и во специјализиран центар за понатамошно закрепнување.

    Одговарајќи на новинарско прашање дали летово се регистрирани случаи на тешки повреди при скокови во плитка вода, Мерџановски рече дека на Клиниката годинава нема примено такви пациенти, освен момчето кое се повредило во Турција.

    Тој нагласи дека превентивните кампањи за безбедно однесување кај младите треба да продолжат, со цел да се подигне свеста и кај децата и кај родителите.

    Не треба да се скока во базени и во непроверени води. Ако тоа се прави, треба да биде во контролирани услови и под стручен надзор – потенцира Мерџановски.

    Говорејќи за последиците од ваквите несреќи, тој појасни дека повредите најчесто ги зафаќаат вратните пршлени и рбетниот мозок и спаѓаат меѓу најтешките трауматолошки повреди. Според него овие повреди во најголем број случаи се иреверзибилни и оставаат траен инвалидитет.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.