Овој знак има најголеми психички способности

Станува збор за знакот Риби.

Припадниците на овој знак се познати по својата фантазија, креативност и интуиција, па често живеат во свет исткаен од соништа. Токму поради тоа, во реалноста не се снаоѓаат најдобро.

Ним во животот им е потребен длабок внатрешен мир бидејќи во спротивно негативната атмосфера би можела да им ја исцица животната енергија. Едноставно, Рибите реагираат на сите негативни влијанија кои длабоко во себе ги проживуваат.

Сепак, она што ги прави посебни е способност на забележување на невидливите струки кои можат да укажат на важен настан.

Нивното мото е „јас чувствувам“ и главно се раководат со тоа што претчувствувале, што е всушност интуиција.

11.05.2022 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега