Откриено зошто вирусот Ковид-19 предизвикува губење на чувството за мирис

Еден од најчестите причини за губење на чувството за мири е вирусна инфекција, како настинка, синуси или други инфекции на горните дишни патишта. Коронавирусите кои не предизвикуваат смртоносни болести, познати се по тоа дека доведуваат до губње на чувството за мирис.

Во поголем број од случаите чувството за мирис се враќа кога симптомите се јасни, затоа што неговото губење едноставно е последица од блокирање на носната шуплина, што спречува молекулите од аромите да дојдат до олфакторните рецептори во носот.

Во некои случаи губењето на мирисот може да трае со месеци, па дури и години. За новиот коронавирус Сарс Ков-2, образецот губење на чувството за мирис е поинаков. Многу луѓе со Ковид-19 пријавиле губење на чувството на мирис, а потоа изненадно целосно враќање на нормалниот мирис за недела или две.

Интересно е што многу луѓе рекле дека носот им е чист, па губењето на чувството за мирис не може да  се поврзе со блокирање на носната шуплина. 

Изненадното враќање на чувството за мирис сугерира губење на мири во кое молекулите на аромите не можат да дојдат до рецепторот на носот.

Сега кога имаме ЦТ скенирање на носната шуплина и синусите кај лицата кои го изгубиле ова чувство како последица на Ковид-19, може да се види дел од носот кој е задолжен за мири - оксафинален прорез, блокиран со отечено меко ткиво и слуз, познато како синдром расцеп.

Остатокот од носот и синусите изгледаат нормално и пациентите немаат проблем со дишењето на нос. Знаеме дека начинот на кој Ковид-19 го инфицира телото се врзува за АЦЕ2 рецепторите на површината на ќелиите кои се наоѓаат на линијата на горните дишни патишта.

Протеионот наречен ТМПРСС2 тогаш му помага на вирусот да ги нападне ќелиите. Кога еднаш ќе влезе во нив, вирусот може да се повтори, што предизвикува одговор на имуниот систем.

Кога имуниот систем ќе се соочи со вирусот, текувањето престанува и молекулите на аромите имаат еден пат до своите неоштетени рецептори и чувството за мирис се враќа во нормала. Зошто мирисот во одредени случаи не се враќа?

Тоа е веќе на ниво на теорија, но произлегува од она што го знаеме за воспаление во другите системи.

Воспалението е реакција на телото на оштетување и резултира со ослободување на хемикалии кои го уништуваат ткивото кое во тоа е вклучено. Кога воспалението е јако, другите ќелии во близина почнуваат да се оштетуваат. Се смета дека тоа е поврзано со друга фаза во која олфакторните неврони се оштетени.

Закпренувањето на мирисот е многу побавно, затоа што на офлакторните неврони им треба време да се регенираат со снабдување на матични ќелии од внатрешноста на слузницата во носот.

Почетното закрепнување најчесто е поврзано со изменет мирис, појава позната како паросмија, при што работите не ви мирисаат како што мирисале некогаш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега