Откриена нова база на кланот на Веља невоља- вооружена полиција со кучиња и нуркачи го пребаруваат сплавот

Вчера полицијата детално пребаруваше популарен белградски сплав „Фристејлер“, за кој се сомнева дека бил една од базите на членовите на криминалната група на уапсениот Веjко Беливук, наречена Веља Невоља. Како што неофицијално пренесуваат српските медиуми, специјалните единици вооружени со пушки и кучиња, но и нуркачи од жандармеријата, целиот ден чешлале сплав, но и ја пребарувале Сава во потрага по докази против кланот.

- Постојат оперативни податоци дека можно е да има оружје на сплавот, но и во коритото на реката Сава, кое се користело во ликвидации и други кривични дела, а не е исклучена можноста да се извршени кривични дела на самиот сплав - потврдил соговорник од истрагата и додадава:

- При претрес во просториите на сплавот се пронајдени неколку часовници, телефони и СИМ-картички. Се сомнева дека овие предмети припаѓале на членови на групата на Веља. Телефоните и картичките беа испратени на експертиза.

Витомир Томиќ, бил сведок на претресот на сплавот „Фристејлер“. - Живеам на бродот Сава веќе пет години, а околу пладне дојде полицијата и ме повика мене и друг чувар да бидеме сведоци на претресот како граѓани, во случај да најдат нешто. Отидов по скалата, им помогнав. Имаше и инспектори во цивилна облека и нуркачи - изјави Витомир за Курир.

Извор за Куриср.рс открива дека постои сомневање дека еден од уапсените членови на криминалната група им укажал на истражителите сплавот како место каде има докази за сторени кривични дела.

Да потсетиме, полицијата претходно откри бункер на стадионот „Партизан“, но и неколку куќи и викендици користени од членови на оваа криминална група. Членовите на кланот Беливук наводно со години работеле како обезбедување на овој сплав.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа