Пејачката Јелена Карлеуша се огласи на социјалната мрежа „X“ откако беа откажани нејзините два најавени настапи во Босна и Херцеговина, поради проценка за безбедносен ризик од страна на полицијата.

Во својата реакција, таа истакна дека никогаш не упатила навреди кон бошњачкиот народ и направи споредба со настапите на изведувачи од БиХ во Србија.

  • Ситуација: Два мои настапи во Босна беа откажани поради лоша проценка на безбедноста од страна на полицијата. Никогаш не сум ги навредила ниту рекла нешто лошо за Бошњаците. Бев мала за време на војната во Босна. Дино Мерлин слободно закажа концерт во Србија, во Краљево. Нема лоша проценка на безбедноста од страна на полицијата. Тој активно учествуваше во сите воени настани од 90-тите, пееше песни со таа тема и даваше провокативни изјави. Што мислите за оваа „правда“ кон мене? – напиша Карлеуша на мрежата „X“.

Објавата на српската пејачка предизвика голем број реакции и дискусии кај корисниците на социјалните мрежи.

Ова не е првпат Карлеуша да се соочи со откажување на концерт во регионот изминатиов период, откако пред еден месец беше откажан и нејзиниот настап во Водице, Хрватска.

По тој повод, таа во изјава за медиумите порача:

  • Како некој што доаѓа од земја каде што секој е добредојден, без оглед на раса или националност, тажна сум што сум спречена да се дружам со мојата публика. Еден настап повеќе или помалку ми значи малку, но ми е жал што сум жртва на неправда и извртување на зборови. Искрено се надевам дека ситуацијата ќе се смири. Секогаш ќе бидам на страната на пејачите кои слободно настапуваат во Србија, бидејќи Србија е земја со големо срце – земја на мир со луѓе кои ги прифаќаат сите со раширени раце. Горда сум што доаѓам од Србија.
Exit mobile version