Концертот на Дино Мерлин, кој требаше да се одржи на 5 септември во Краљево, е официјално откажан. Организаторот соопшти дека одлуката е донесена поради неисполнети договорни обврски од страна на компанијата „DIGI MEDIA PRODUCTION DOO Белград“.
Според организаторите, белгардската компанија била задолжена за обезбедување на продукцијата, сцената и сите потребни технички услови за безбедно одржување на настанот.
„Во врска со концертот на Дино Мерлин во Краљево, ја информираме јавноста дека сме принудени да донесеме одлука да го откажеме поради, како што наведуваме, неисполнување на договорните обврски од страна на компанијата DIGI MEDIA PRODUCTION DOO Белград“, се наведува во официјалното соопштение.
Од организацијата посочуваат дека компанијата од самиот почеток била запознаена со сите рокови и барања, но обврските не биле исполнети за да се гарантира техничка и организациска безбедност.
„Ги отфрламе обидите за префрлање на одговорноста за настанатата ситуација врз организаторот. Веруваме дека го извршивме нашиот дел од обврските сериозно и одговорно, но не можеме да го преземеме ризикот од одржување на настанот кога другата договорна страна не го исполнила она што, според нашето толкување на договорот, била должна да го обезбеди“, истакнуваат организаторите.
На крајот тие додаваат дека безбедноста на изведувачите, публиката и сите учесници останува нивни главен приоритет.


