Откако јавно призна дека го изневерила, Вил Смит реши да ја почасти сопругата

Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет се во центарот на вниманието на јавноста, откако таа призна дека имала афера со 20 години помладиот музичар Аугуст Алсина (27).

Холивудскиот актер и неговата сопруга јавно проговорија за нивните приватни проблеми во драматичната емисија на Џејда „Red Table Talk“.

За време на разговорот Џејда потврдила дека имала врска со пејачот Аугуст Алсина (27) за време на нивниот брак. Во разговорот актерот открил како Алсина влегол во нивниот живот додека бракот им бил на „стаклени нозе“.

Но денес изгледа дека сопружниците се снаоѓаат подобро од било кога, а аферата која самиот Алсина неодамна ја откри гостувајќи во една емисија се случила пред четири ипол години.

За да го избегнат скандалот што го стресе Холивуд, Вил, неговата сопруга и ќерката Вилоу решија да отпатуваат на Бахамите. Тие престојуваат во луксузното одморалиште „Albany“, каде што една ноќ чини 2.650 евра, а престојот во приватната резиденција изнесува над 4,4 милиони евра, дознава „Page Six“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега