Close Menu
    Најново

    Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

    30.12.2025 во 23:21

    Запалено игралиште за баскет во Радишани

    30.12.2025 во 23:05

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
    • Запалено игралиште за баскет во Радишани
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Останува да се разгледаат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце

    Останува да се разгледаат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце

    04.11.2025 во 16:35
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По повеќе од два месеци нема епилог во врска со наводите за непотребно извршени интервенции на срце во приватни здравствени установи кои ги испитува интерната комисија во Министерството за здравство. Досега се пристигнати околу 25 претставки, останува да се разгледаат уште седум или осум. Од интерната комисија формирана по наводите беше најавено дека ќе бидат вклучени и странски доктори, експерти, но не се прецизира кога тие ќе пристигнат во земјава.

    Министерот за здравство Азир Алиу денеска рече дека кога ќе завршат со разгледување на тие претставки ќе излезат на прес-конференција и дека во моментов кога официјално изборите ќе завршат тогаш ќе можат процедурата да ја почнат од Министерството.

    Појасни дека освен таа неформална комуникација немале формална комуникација со договор со Комисијата, односно официјална средба со членовите.

    – Уште седум наоди треба да се анализираат. Знаете дека тие процеси бараат време. Прво тие експерти се и така во мал број за нашата земја. Освен оваа работа тие дневно имаат активности во амбуланта и операционите сали, затоа оваа динамика на работа не зависи од нас како Министерство, туку зависи од целиот експертски тим кои не се малку на број и се оптоварени со нивните секојдневни обврски со давање здравствени услуги на граѓаните, посочи Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Клиниката за кардиологија.

    Тој појасни дека странски експерти од Словенија, Австрија и Италија се ангажираат поради тоа што прашањето се подигнало на високо ниво.

    – Бидејќи прашањето е многу сензитивно и се работи за многу сензитивни операции на срце, не дека не веруваме во нашите експерти, туку сакаме и јавноста и експертите внатре да бидеме сигурни дека тој резултат, наод, извештај по работата на внатрешната Комисија и тројцата странски експерти, ќе ни биде патоказ за реорганизација и нова оптмизација на тие здравствени услуги по наодите кои ќе ги имаме од Комисијата. Идејата за надворешни експерти е само заради тоа што ние веруваме дека освен таа Комисија уште едно мислење од надвор би било како информација до јавноста многу поуверливо за да може секој граѓанин да верува во овој процес. Темата е многу сензитивна и многу сме внимателни. Не влегов во детали и нема да влезам се до моментот кога Комисијата ќе има прес-конференција заедно со мене за да ги објави наодите пред јавноста, истакна Алиу.

    После таа фаза, нагласи министерот, наредната фаза е со тројцата експерти кои ќе бидат вклучени за консултации со внатрешните експерти за да може тој еко систем да се затвори и да може после тоа како Министерство да креираат нови политики за тие здравствени системи.

    На прашање дали приватните болници сега ги пријавуваат сите интервенции кои ги прават бидејќи од 15 септември требаше да бидат задолжителни, рече дека модулот за пријавување е отворен меѓу приватните болници и интегрираниот систем и дека процесот е активен.

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас

    30.12.2025 во 21:53

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.